Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон деновиве се во посета на Ирска, а Војвотката од Кембриџ досега направи неколку успешни појавувања и модни комбинации.

После зелениот светкав фустан, сите зборуваат за нејзиниот розов фустан со точки, во кој многумина неодоливо ги потсети на принцезата Дајана.

Лејди Ди носеше слична креација во 1985 година во Ватикан и две години пред тоа во посета на Австралија со принцот Чарлс, со должина до колена, преклоп и изразена половина.

Фустанот на Кејт пак, кој го потпишува модната куќа „Оскар де ла Рента“, има висок околувратник, црн ремен и црни детали на ракавите, а должината е исто така под колена.

За сличноста секако придонесува и принтот со точки, како и изборот на розова, односно виолетова нијанса.

Чија модна комбинација повеќе ви се допаѓа?

 

Објавено:
5 март 2020
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
2.446 пати