Во светските модни магазини деновиве се зборува за добропознатиот фустан од „Гучи“. Пред две години, младата актерка Лупита Нјонго блесна во него на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал. Тогаш ги собра сите симпатии од модните критичари, а тоа воедно беше една од најдобрите реклами за модната куќа.

Две години подоцна, на премиерата на филмот „Убавицата и ѕверот“ во Лос Анџелес, Бијонсе се одлучи за истата креација. Пејачката (35) покажа дека ваква креација (инаку вредна околу 20.000 долари) може да биде одличен избор и за бремените дами.

Инаку, на црвениот килим Бијонсе се појави во друштво на ќерката Блу Ајви, која исто така носеше креација од „Гучи“ вредна 2.100 долари. Инаку, верзијата за возрасни на фустанот на малата Ајви чини 26.000 долари.

 

Чија комбинација повеќе ви се допаѓа? На која подобро ѝ стои?

Објавено:
8 март 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.456 пати