Меган Маркл деновиве е на својата прва турнеја во Ирска како Војвотка од Сасекс, па нејзините појавувања се анализираат од сите аспекти.
Неодамна се појави во елегантна креација на „Диор“, а за изгледот доби одлични коментари. Сепак, оние што го следат нејзиниот стил посветено, забележаа дека Меган носи речиси идентични фустани, но од различни дизајнери.
Сличноста е најчесто во горниот дел и околувратникот.
Венчаницата беше креација на „Живанши“, тегет фустанот е на „Диор“, но горниот дел е идентичен.
Токму таква е и креацијата од брендот „Theory“ што ја носеше кон почетокот на годината, како и пастелно розовото сако што го носеше минатиот месец кога ја придружуваше кралицата Елизабета на „Young Leaders Awards“.
Кое нејзино издание ви се допаѓа најмногу?