Пастелно синиот фустан со потпис на дизајнерот Мајкл Корс изгледа е вистински погодок. Кога две мошне познати дами ќе посегнат по истиот, нема подобра реклама од тоа.

Но, веќе е добро познато дека Мајкл Корс е еден од најдобрите бизнисмени меѓу дизајнерите.

Меланија Трамп и Синди Крафорд се дамите во денешниот стилски двобој.

фото: Instagram/Cindy Crawford

Синди ја носеше оваа креација за време на патување во Венеција кон крајот на минатиот месец. Го искомбинира со тенко ременче околу половината, и пастелно сини сандали, исто така со тенки ременчиња. Кога се модните додатоци во прашање, се одлучи и за темни очила за сонце и дискретни обетки.

Неколку дена после неа, Меланија Трамп одлучи дека синиот фустан е вистинската комбинација за пречекот на панамскиот претседател и неговата сопруга во државниот врв на САД.

фото: youtube.com

Меланија го искомбинира со впечатливи салонки со принт од брендот „Лубутан“ и секако се здоби со пофалби од модните стручњаци.

Иако речиси и да нема разлика, бидејќи двете изгледаат беспрекорно, сепак според вас, на која подобро ѝ стои?

Објавено:
12 јули 2017
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
2.198 пати