Нашата денешна комбинација е за оние што сакаат да се дотерани и елегантни дури и на високи температури.

Затоа одбравме пенкало-здолниште до под колена во морнарска тегет-бела комбинација, кое го искомбиниравме со бела маичка.

Денешниот избор за тоа што да облечете за денеска или можеби ќе се инспирирате за некој друг ден, го збогативме со масивен ѓердан во пастелно розови нијанси, како и сандали на платформа во истата нијанса.

Кога се останатите модни додатоци во прашање, иако на фотографијата нема очила за сонце, секако дека тие се задолжителни на ова летно време, а изборот на чанта нека биде ваш. Можете да се држите до споменатите бои, или пак да ја направите комбинацијата уште повпечатлива со некоја интензивна боја.

Објавено:
21 јуни 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.200 пати