Оливија Вајлд или Хелен Мирен?
•
28 март 2018
Денешниот стилски двобој е помеѓу две актерки, Оливија Вајлд и Хелен Мирен, кои искомбинираа исто парче на сосема различен начин.
Се работи за здолниште од брендот „Alice+Olivia“, целото со принт на кој пишува „феминистка“. Оливија Вајлд го искомбинира црна маица на кратки ракави, црвени салонки и црвена лента за коса.
Хелен Мирен пак, се одлучи да го вклучи во стајлинг со рок нишка, па здолништето го спои со розова блуза, кожена јакна и рамни чизми до глужд, со ременчиња.
Инаку, ова е едно најпродаваните пачриња на брендот, а цената изнесуав 440 долари.
Чија комбинација ви се допаѓа повеќе?