Денешниот стилски двобој е помеѓу две индиски актерки - Пријанка Чопра и Аишварија Раи. Имено, во тек е Канскиот филмски фестивал, а Аишварија Раи досега имаше две појавувања.

Првото беше со креацијата пеперутка, додека второто беше гламурозна креација во бела боја, со светкави детали од дизајнерот Рами Кади. 

Фустанот е долг и ја следи линијата на телото, а одозгора има здолниште кое напред е отворено, а од страните и позади ја збогатува креацијата.

Но, оваа креација многумина ги потсети на фустанот што нејзината колешка Прјианка Чопра ја носеше во 2017 година на „Оскарите“. И покрај тоа што фустаните се изработени од сосема различни материјали, со поинаква структура, причина за сличноста лежи во предниот дел на креациите.

Покрај истиот основен крој на фустанот и двете имаат корсет кој е повисок и поширок во предниот отколку во задниот дел. Фустанот што Пријанка го носеше тогаш го потпишаа „Ралф и Русо“. 

Чие издание ви се допаѓа повеќе?

Објавено:
16 мај 2018
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
1.176 пати