•
7 февруари 2020
На неодамна одржаните „Греми“ награди присуствуваше и Ник Џонас кој беше во друштво на сопругата Пријанка Чопра.
View this post on Instagram
Таа го привлече внимание во долг фустан во сирена крој, кој пак во горниот дел многумина ги потсети на легендарниот тропски фустан на „Версаче“ кој Џенифер Лопез го носеше на истата манифестација но пред точно 20 години.
View this post on Instagram
Имено, фустанот во горниот дел е во кимоно крој и со длабоко деколте.
Материјалите од кои се направени фустаните се мошне различни, но кројот е пак, навистина сличен.
Инаку, креацијата што ја носи Чопра е на брендот „Ралф и Русо“.
Погледнете и кажете ни дали ви се слични и на која подобро ѝ стои?