Канскиот филмски фестивал е во тек, а на црвениот килим досега имавме можност да ја видиме и Кендал Џенер.
Таа на еден од првите денови се појави во блескава креација на модниот бренд „Ралф и Русо“. Со оглед на тоа дека предниот и задниот дел од половината нагоре се споени со транспарентна мрежичка, манекенката беше одлична мета и за папараците.
Но, ако внимателно го следевте црвениот килим за време на годишните „Оскари“, тогаш веројатно ви е познат моделот што Џенер го носеше.
Во сосема истиот крој на фустан, само од поинаков материјал на престижната филмска манифестација се појави индиската убавица Пријанка Чопра.
Таа честопати бира креации од посочената модна куќа кога е изгледот на црвен килим во прашање, во кои изгледа одлично се чувствува, а така беше и овој пат.
Модните критичари ќе кажат дека и двете одлично и на свој начин ја носат креацијата. Сепак, според вас, на која подобро ѝ стои?