Изминативе недели во модните магазини постојано пишуваат за модните изданија на Ријана, која и повеќе од очигледно варира со килограмите. Обожавателите се сомневаат дека мултиталентираната ѕвезда е бремена, но за сега официјална потврда нема.
Во тек се премиерите на „Valerian and the City of a Thousand Planets“ низ светот. Првата се одржа во Лос Анџелес, а неодамна се случи и таа во Лондон.
Ријана и за двете случувања одбра креации на Џамбатиста Вали. Во Лос Анџелес ја видовме во розово-шеќерна креација, со многу волумен, нешто во што и претходно сме ја гледале.
Но, изданието од европската премиера собра уште повеќе внимание. Сите коментираа за деколтето на Ријана и како изгледа тесно, и тгорниот дел требало да е за број поголем. И додека модните стручњаци ја прогласуваат за модна икона и имаат само пофалби за ова нејзино последно модно издание, обожавателите и обичните граѓани не се согласуваат.
Не се работи за облините или килограмите, туку се работи за тоа дека не изгледа добро во модните комбинации што ги одбира, особено последната. За многумина ова е едно од нејзините најлоши појавувања, но модните инсајдери не мислат така. Тука се поставува и прашањето, дали бидејќи се работи за Ријана тогаш на сè ќе се каже „да“ и дали би го имале истото мнение доколку на пример Ејми Шумер ја облечеше истата креација?
Од друга страна, Кара Делевињ има сосема тематски стил на премиерите на филмот. Во Лос Анџелес воодушеви со футуристичката креација на Ирис ван Харпер, иако медиумите ја ставија во сенка на Ријана. Така беше и во Лондон. Кара беше одлична во црното одело на „Барбери“ со метален моден додаток украсен со камења. Сепак, медиумите не можеа да одолеат на деколтето на Ријана.
Иако ова не е класичен моден двобој на кој досега сте навикнале, сепак ќе ве прашаме, чии комбинации повеќе ви се допаѓаат и на која подобро ѝ стојат?
фото извор: huffingtonpost.co.uk;