Можеби по содржина и не се нешто посебно квалитетни, но „Емили во Париз“ „Сексот и градот“ (овде мислиме на специјалните епизоди) привлекоа големо внимание благодарение не само на актерите, туку и на модните комбинации.
На многумина им беше интересно што Патрициа Филд се потпишува како костимограф во двете серии (овде пред се' мислиме на оригиналната верзија на „Сексот и градот“) и со тоа модното шоу и во „Емили во Париз“ беше очекувано.
Многу бои, принтови, пошироки кроеви се нешто што се очекуваше, па сепак повторно разбудија голем број коментари.
Она што е заедничко во изгледот на двата телевизиски лика е еклектизмот. Емили како да е ќерка на Кери Бредшо, а самата костимографка во една пригода ќе рече: „Кери е кралица, а Емили е принцезата“, не криејќи дека во два наврата во првата сезона, стајлинзите биле чиста асоцијација на Кери Бредшо.
Некои ќе речат дека еклектизмот кај Кери Бредшо е далеку поизразен, а оној на Емили „попримил“ и од француската смиреност, но ние баш и не би се согласиле. Емили има далеку поизразен микс од бои, принтови, комбинации.
Но, оние на Кери се оригинални.
И во овој двобој, ако воопшто би можел така да се нарече, таа би била победникот. Дали е до актерката или до тоа што беше „прва“, Кери тоа го носи многу пононшалантно, умее да се носи со такви комбинации, без да изгледа претенциозно. Од друга страна, Емили носи навистина трендовски парчиња, ретко ги меша со винтиџ, но изгледа како да ѝ е наметнато, а згора на се' некаква асоцијација на Франција мора да постои, што беше и пренагласено, за наш вкус.
Сепак, не значи дека и таа немаше модни погодоци, но Патриција се обидела да направи нова верзија на Кери, но за нас тоа не ѝ тргна баш од рака.
Во продолжение погледнете како тоа го носи Кери (микс на стари и нови епизоди), а како Емили.
Чиј стил вам повеќе ви се допаѓа?
Емили
Кери