Денешниот стилски двобој го посветивме на капутите. Со оглед дека февруари веќе истекнува и ни се приближува најпроменливиот месец, март, барем кога се временските услови во прашање, капутите се' уште нема д аги спакуваме. Затоа денеска одлучивме да предложиме две комбинации каде доминира капутот.
Во предесенската колекција на Алберта Ферети за 2015 година, едно од парчињата што ни го привлекоа вниманието е и овој капут во сиви нијанси. Во прав крој, капутот во предниот дел е изработен од крзно со животински принт, додека ракавите и грбот се изработени од волнен штоф. Ременот во пределот на половината придонесува за истакнување на тој дел од телото, и покрај тоа што се работи за зимско парче. Во овој случај капутот е искомбиниран со високи црни чизми и црна чанта со долга рачка.
Во предесенската колекција пак на Ботега Венета за 2015 година, ни се допадна овој двобоен капут. Горниот дел е сив со бели делови, додека внатрешно е комплетно бел. Линијата што го следи телото е права, исто како во претходниот случај, со што кројот околу ракавите е поинаков. Ако во креацијата од Алберта Ферети беа класични, прави ракави, во овој случај се работи за пошироки ракави, кои во долниот дел се стеснуваат. Со оглед на тоа дека нема класично закопчување, повторно и овде е употребен ремен, за да ја истакне половината. Кога се обувките во прашање, Ботега Венета се одлучи за тегет чевли со кафено-бели шари. Тегет е и правоаголната голема чанта со ниски рачки.
Двете комбинации трпат промена во однос на модните додатоци и обувки, се' во зависност од тоа како сакате да изгледате и за која намена.
Кој е вашиот избор?