Стилски двобој: Америка Ферера или Миранда Кер?
•
2 јуни 2014
Модната куќа Долче и Габана за сите обожаватели креираше фустан без прерамки до колена, модел кој беше забележан кај две познати дами.
Фамозниот модел Миранда Кер која е позната по феноменалниот стил, беше забележана во оваа креација од италијанската модна куќа на прошетка во Њујорк. Изгледот го надополни со широк пуловер, салонки и масивна црна чанта.
Неколку недели подоцна, Америка Ферера го донираше истиот фустан на хуманитарната вечера организирана од фондацијата на Цезар Чавез. Ферера изгледот го надополни со жолти сатенски чевли и клач чанта.
Според вас, која од овие две дами изгледа подобро во цветниот фустан од Долче и Габана?