collage1

Во денешниот стилски двобој ги одбравме едни од омилените странски дизајнери на нашите читатели. Со оглед на тоа дека и двајцатаимаа впечатливи колекции на неодамнешната модна недела во Париз посветена на Високата мода, голем број од жените, и тоа ширум светот посакуваат макар еднаш да носат нивни креации.

Тоа што тие го прават за многумина е синоним за луксуз и елеганција, па веројатно изборот на повеќето наши читателки нема да биде лесен.

Eli Saab

Овој свечен фустан е со потпис на Ели Сааб. Здолништето во А-крој во зелена нијса и горен дел, со корсетска изведба. Низ целата површина на материјалот има големи цветови, во вид на тантелни апликации, дополнително збогатени со светки и монистра.

Zuhair

И кај Зухаир Мурад наидовме на модел сo сличен крој на здолниште, за нијанса поволуменозно, додека горниот дел е со длабок V- израз. Овој фустан во шеќерна боја, е збогатен со бројни украсни камења, монистра и кристали.

И кај двата фустана делот околу половината е истакнат со ремен, а здолништата имаат џебови.

Како што може да се забележи, двајцата популарни дизајнери, кои преку своите креации се често застапени на големи манифестации и црвени килими, по се' изгледа имаат слични замисли.

Кој фустан вам повеќе ви се допаѓа?

Објавено:
3 февруари 2015
Категорија: 
Стилски двобој