Стилски двобој: Кој фустан од J. Crew би сакале да го носите?

10 ноември 2014

Првата креација е фустан од J. Crew со должина до колената, тесен на горниот дел и надоле волуменозен. Металик ефектот е доволен за да не се надополнува изгледот со накит, но затоа клучен е изборот на чанта, а во конкретниот случај, клач чанта во посветла нијанса.

Во вториот случај станува збор за црн фустан со интересен дизајн на страничните делови, кои даваат дополнителна волуменозност. За разбивање на монотонијата, изгледот е комплетиран со впечатлив ѓердан и црна плик чанта.

Која од двете креации на J. Crew би сакале да ја носите?

Објавено:
10 ноември 2014
Категорија: 
Стилски двобој