Стилски двобој: Росица Мршиќ или Бобан Илиевски?
•
14 април 2015
Денешниот стилски двобој го потсетуваме на две креации од последните, пролетни колекции на Росица Мршиќ и Бобан Илиевски. Се работи за два фустана со должина до колена.
И Росица и Бобан се одлучиле да употребат ткаенина со геометриски принт и тоа во две нијанси, односно на бела основа и на светлосива во креацијата на Росица, а темносина во креацијата на Бобан. И покрај тоа што едниот фустан е со кратки ракави, а другиот е без ракави, и кај двете креации забележливо е присуството на неправилни форми и асиметрија.
Кога се модните додатоци во прашање, Бобан Илиевски се одлучи да ја „разигра“ оваа креација со моден додаток за глава во интензивно сина боја.
Што би носеле вие?