Кон крајот на минатиот месец во Њујорк се одржаа „Harpers Bazaar ICONS“ наградите, а на црвениот килим се појави и актерката Зендаја.
Таа го привлече вниманието со својот изглед. Сивото одело со дискретна текстура и принт, од брендот „Берлути“ совршено ѝ прилегаше. Панталоните се до глужд, во комбинација со црни салонки, додека горниот дел е заокружен со сива кошула и вратоврска.
Сепак, таа не е првата што го носи. Во февруари годинава, на забавата на „Vanity Fair“ по Оскарите, во истото одело, само со панталони во машки крој се појави и актерот Мајкл Б. Џордан.
Стилистот на Зендаја, Ло Роах се пошегува на неговиот Инстаграм профил, прашувајќи на кого подобро му стои:
„Who you got Z or B??? wearing @berluti“, а Џордан самиот одлучи да гласа, коментирајќи: „Нема натпревар, Зендаја ти се поклонувам“.
Според вас, на кого подобро му стои?