5 Освежителни летни рецепти од македонските инстаграмџии

27 јули 2022

Високите температури во лето бараат баланс со освежителни храна, десерти и пијалаци.

Вкусови, мириси, текстури и бои што ќе нѐ разладат и ќе ни ја вратат енергијата, што често ја губиме под врелото летно сонце.

Иновативните и превкусни рецепти на нашите инстаграмџии посветени на кулинарството, се секогаш добредојдени (особено во лето).

Ние одвоивме пет освежителни десерти со вкусни сезонски овошја, лесни за подготовка, фантастични на изглед, а за вкусот ќе ни кажете вие откако ќе ги подготвите и самите.

Сладолед со вишни @kokarche

Само 4-5 состојки се потребни за најосвежителниот летен домашен сладолед - барем така беше оценет од мојата домашна жири комисија. А вишните и грчкиот јогурт (или кисела павлака) со своите киселкасти ноти се најзаслужни за освежувачкиот ефект.

Оваа формула за сладолед е супер доколку имате силиконски калапи. Ако сакате да вадите топки, тогаш ќе ви треба машина за сладолед. Со машината се постигнува рамномерно ладење на смесата и се спречува формирање на мразулци. Тоа малце ја одолговлекува постапката, па затоа, силиконски калапи ftw 

Еве што ви треба за 400-450мл сладолед:
- 200гр замрзнати или свежи вишни (мерени без семки)
- 50гр мед (или друг засладувач по желба: шеќер, јаворов сируп, еритрол, агаве...)
- 200мл павлака за шлаг (или слатка павлака - „хопла")
- 100гр грчки јогурт или кисела павлака
- 1 лажичка ванила екстракт (опционално)

Постапката е многу проста:
* Во мало тенџере на среден оган се ставаат вишните со засладувачот и една лажица вода. Се остава да вари 15-20мин со повремено мешање се додека не се добие редуцирана смеса налик на џем. Се трга на страна да се олади.
* Се мати павлаката до конзистенција на шлаг.
* Грчкиот јогурт се меша со смесата од вишни, а на крај сѐ заедно се меша со матената павлака и ванилата со помош на шпатула.
* Се полнат калапите и се оставаат да замрзнат минимум 4-5 часа.

Уживајте 


Торта со јагоди и боровинки @cookingwithbranko

Во свет полн со јагоди и боровинки, не можеш да одолееш на едно парче торта. 

Брзо и вкусно до посакуваниот летен залак. 

За тестото

100гр. Мелени бадеми
100гр. мелени бисквити без шеќер

100гр. Мелени индиски ореви
2 лажички кокосово масло
1 лажичка екстракт од урма

За крем
300гр. маскарпоне
1 лажичка екстракт од урма
100гр. сецкани јагоди
100гр. боровинки

За декорација
Свежи јагоди и боровинки

Крем колач со боровинки @moirecepti

Крем колач со боровинки од albetina 
Состојки:

Тесто:
300 гр омекнат путер
200 гр шеќер
1 јајце
400 гр брашно
100 гр мелени бадеми
1 пециво
1/2 лажиче цимет
1 рендана кора од лимон
прстофат сол
Фил:
3 јајца
75 гр шеќер
500 гр кисела павлака
1 сок од лимон
1 и 1/2 полна лажица густин
500 гр боровинки

Подготовка:
1. Вклучете ја рерната да се загрева на 175 степени. Во модла со 26см пречник ставете хартија за печење. Боровинките измијте ги и оставете да се цедат.
2. Во длабок сад ставете го путерот и шеќерот и изматете убаво. Додадете јајцето, кратко изматете да се спојат состојките, па додадете ги на неколку пати останатите состојки за тестото. 3/4 од тестото распоредете го на дното од модлата и со раце убаво израмнете го. Останатото тесто ставете го во фрижидер.
3. Во длабок сад пенасто изматете ги јајцата и шеќерот. Додадете шмандот или павлаката, сокот од лимон и густинот. Изматете кратко колку да се спојат состојките и ставете 2/3 од боровинките.
Филот ставете го врз подлогата од тесто. Тестото кое ви остана, извадете го од фрижидер и искинете го на мали парченца. Распоредете ги врз филот, ставете одозгора останатите боровинки и ставете да се печи.
4. Се печи 70-90 мин во зависност од рерната. Готово е кога штом ја протресете модлата, средината на колачот е стабилна т.е. не е течна. По потреба покријте го колачот со хартија додека се пече за да не ви загори.
Оставете потполно да се излади, посипете со шеќер во прав и послужете.

Здрав овошен сладолед @beberecepti

Здрав овошен сладолед од банана, јагоди, боровинки и бадемово млеко.

Предобра комбинација на овошја која може да ја менувате по сопствен вкус и на брз и едноставен начин да подготвите превкусен и кремаст а пред се здрав десерт, без додадени засладувачи.

Инаку одличен начин да се примамат најмалите да јадат овошје а воедно и да се избегнат нездравите готови сладоледи...

Потребни состојки за одприлика 3 мали порции:
1 банана
1 грст јагоди
1 грст боровинки
100 мл бадемово/кокосово млеко

Подготовка:
Овошјето исецкајте го ситно и ставете го во замрзнувач околу 1 час.
Ставете го во кујнскиот апарат заедно со млекото и блендирајте додека не добиете кремаста структура.

Од истите состојки може да подготвите и смути или овошен милкшејк без или со сосема малку замрзнување на овошјето.

Декорирајте и украсете по сопствен избор.

Доколку имате силиконски или пластични калапи за сладолед, еве одлична идеа да ги искористите... 

Чија пудинг @gotvime.so.tea

Чија пудинг со кокосово млеко, пире од јагоди, мед и путер од лешник - зар има некој поосвежителен појадок за ова топло време?
Во последно време омилен ми е чија пудингот и го правам со различни млека и овошја, но овој ми е убедливо број еден.

Потребни состојки:
6 големи лажици чија семе
200 мл. густо кокосово млеко (1/2 конзерва од КАМ)
200 мл. кокосово млеко
300 гр. јагоди
2 лажици мед
2 лажици путер од лешник
1/2 банана за декорација

Начин на подготовка:
Во поголем сад ставете го чија семето, покријте го со малку вода и оставете го да набабри. Потоа додадете ги млеката, убаво измешајте и оставете го преку ноќ да отстои во фрижидер покриено со пластична фолија.
Сабајлето убаво измешајте го со помош на маталка за да се одвојат залепените набабрени зрнца. На дното на чаша ставете испасирани јагоди, потоа распоредете го чија пудингот и на крај додадете ги медот, путерот од лешници и декорирајте со банана.
Уживајте во овој освежителниот и здрав појадок.
На здравје! 


Објавено:
27 јули 2022
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
961 пати