Ако сте љубител на балканската кујна, ова е новогодишната трпеза за вас

27 декември 2018

Само неколку дена не делат од новогодишната вечер, па ако планирате да останете дома и да уживате во безброј вкусни рецепти, време е да почнете да се подготвувате.

Оваа година изненадете го семејството со деликатеси со познат вкус, но во ново руво што воедно ќе ја украсат секоја трпеза.

Indian Catering

Имено, станува збор за познати јадења што долго време се омилени во нашиот крај, па годинава е време да се потсетиме на корените.

Во продолжение ви претставуваме неколку супер вкусни рецепти што ќе посакате да ги спремите уште денеска!

Предјадење: Вкусна пита со сирење

Потребно: Еден килограм кори за пита, пет лажици кајмак, еден килограм сирење, пет јајца, четири лажици масло, две шолји млеко, павлака по желба. Како и секоја друга пита, ги мешате сите состојки во голем сад, земате неколку парчиња кори и редите од филот.

Предјадење 2: Торта со ајвар

Потребно: 200 грама ајвар, 150 грама кашкавал, пет јајца, девет лажици брашно, 400 мл павлака, пола главица кромид, еден прашок за пециво, малку масло, сол, црн бибер.

Телешка чорба по рецепт на старите готвачи

Потребно: 500 гр. телешко месо, една главица кромид, еден морков, пашканат, магдонос, малку целер, компирче, масло, две лажици брашно, малку павлака, една жолчка, сол, бибер... Сите состојки добро нека се сварат, па сосема на крајот додајте ги зачините, брашното претходно добро измешано со малку вода и павлаката.

Главно јадење: Говедско филе

Потребно: Половина килограм говедско филе, една главица кромид, 250 грама свежи печурки, една лажица брашно, една лажица сенф, една коцка за супа, еден лимон, две кисели краставички, 125 мл кисела павлака, масло, сол и бибер. Малку пропржете го месото со маслото, краставичките и печурките, заедно со зачините. Додајте ги сенфот и брашното, а во друго тенџере ставете вода да врие со коцката супа. Откако добро ќе зоврие, додајте ја водата во тенџерет окаде што се пржи месото и оставете да се крчка. Откако добро ќе омекне, тргнете го на страна и додајте сок од лимон и павлака.

Гарнир – печени компири со јогурт

Потребно: Пет поголеми компири, две лажици масло, две лажици јогурт, грчки, малку сол, бибер, зачини по желба и малку лута пиперка. Излупете го компирот, исечете го на крукчиња, наредете ги во тава, прелијте ги со јогурт и зачини и печете околу 40 минути на 200 степени.

Десерт – чоколадна торта

Потребно: Четири јајца, 12 лажици брашно, 12 лажици млеко, 12 лажици масло, еден прашок за пециво, три лажици какао. За фил: Малку млеко, два пудинга од чоколадо, шест лажици шеќер, две чоколади за готвење, малку маргарин, 100 грама шеќер во право. За фил 2: 100 грама шлаг, четири лажици од првиот фил. Изматете две белки со шест лажици шеќер, додајте ги жолчките, маслото, млекото и матете. На крајот додадете шест лажици брашно и пола прашок за пециво. Во друг сад, повторете ја постапката и додадете какао. Во тава за печење, измешајте ги и двете смеси и печете на 200 степени 15 минути. Извадете ја и пресечете ја на четири еднакви делови. Млекото ставете го да проврие, а во друг сад со малку млеко изматете го пудингот и шеќерот и ставете го во млекото што врие. Оставете да се излади. Изматете го маргаринот со малку шеќер, па додајте го пудингот. За вториот фил, изматете 100 грама шлаг, па додајте четири лажици од првиот фил. Ставете една кора, па фил и сè така додека не ги потрошите сите. Измачкајте со филот со шлаг одозгора и декорирајте.

Инфо и фото: kurir.rs

Објавено:
27 декември 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.234 пати