Викенд рецепт: Чоколадни американски палачинки

20 ноември 2021

Ако постои едно јадење кое го обожаваат сите луѓе на светот, тоа се дефинитивно палачинките! А ако пак се американски и чоколадни, уште подобро!

Без разлика со каков прелив и од какви состојки ќе ги направите, палачинките дефинитивно важат за еден од најдобрите десерти било кога измислени.

Одлични се за во друштво, лесно се прават и ги сакаат сите – од најмали, до најголеми. За овој викенд, едноставниот и супер лесен рецепт за американски палачинки го презентира познатиот хрватски кореограф и режисер Игор Барбериќ за Fashion.hr.

Состојки:

Една шолја млеко

Една лажица јаболков оцет

Една шолја брашно

¼ шолја какао

Една лажица прашок за пециво

Две лажици шеќер

¼ лажица сол

Една лажица масло

Една лажица екстракт од ванила

½ шолја парчиња чоколадо

Подготовка:

Во млекото додајте го оцетот и оставете да стои додека ги подготвувате другите состојки. Во друг ад помешајте го брашното, какаото, шеќерот, прашокот за пециво и солта. Во млекото додајте го екстрактот од ванила и маслото, а потоа и сувите состојки. Мешајте за да нема грутки. На загреана тава со малку масло со мерилка ставете од смесата. Додајте ги парчињата чоколадо одозгора и оставете да се пече на тивок оган. Свртете на другата страна и печете додека е потребно.

Добар апетит и уште подобар викенд!

 

Објавено:
20 ноември 2021
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
742 пати
Извор: 
Fashion.hr