Пред нас е слободен ден кој нуди можност времето да го поминете со семејството и да им зготвите нешто ултра вкусно. А што може да е повкусно од сладолед во лето, а уште ако има вкус на чизкејк од јагоди, тогаш е полн погодок.
Во пресрет на празникот, ви нудиме еден неодолив рецепт кој е едноставен и лесен, само треба да одвоите малку време да го подготвите.
За бисквитот:
150 гр.ладен путер
150 гр.брашно
40 гр.шеќер
За сладолед:
100 гр.слатка павлака
200 мл.млеко
4 жолчки
150 гр.шеќер
200 гр.маскарпоне
Една лажичка екстракт од ванила
¼ лажица сол
Пет лажици џем од јагоди
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Ставете еден голем сад во ладилник добро да се излади. Во меѓувреме, направете го бисквитот. Во сад ставете го путерот, брашното и шеќерот и мешајте додека смесата не се иситни добро. Ставете ја во тава и добро стиснете ја со рацете и печете 20 минути, додека истата не добие златна боја. Оставете ја да се излади. Во друг сад, измешајте ја слатката павлака, млекото, жолчките и шеќерот и ставете малку да проврие на тивко додека постојано мешате. Откако ќе се излади малку, ставете неколку лажици од џемот и ставете го во ладилник да се замрзне. Одозгора иситнете дел од печеното тесто, а дел можете да исечете на плочки и одозгора да послужите сладолед.
Украсете по желба и уживајте во прекрасниот вкус!