Чоко колач со цвекло по рецепт на @teatrpovska

7 септември 2022

Локалните гурмани сигурно досега налетале на некој од вкусните рецепти на Теа Трповска. Инстаграм профилот на Теа е еден неодолив „тефтер со рецепти" во кој само фотографиите се доволни да направат да ви прокркорат цревата.

Теа е вистински вљубеник во добрата храна и тоа се гледа преку секоја нејзина објава на нејзиниот профил и блог, каде можеме да забележиме дека една од главните состојки во нејзиното готвење е љубов.

Оброците на Теа, покрај тоа што се вистински деликатесни ремек дела, неретко будат и стилно чувство на носталгија и копнеж по едно заборавено детство. Користејќи сезонски намирници, Теа подготвува здрави и нутритивни јадења, вклучително и десерти.

А, кога станува збор за десерти, денес одвојуваме еден особено вкусен пример кој изгледа како совршен избор за овој преоден период од лето кон есен, кога нашето тело...па и душа...тежнеат по нешто здравo и слатко, таканаречено comfort food.

Станува збор за еден навидум необичен рецепт - чоколаден колач со цвекло!

„Не сум фан на зеленчук во благо, ко оние торти и колачи со тиквици АМА... после овој рецепт го сменив мислењето! Ова колаче е прееемеко и многу, многу сочно. Замена има за буквално секоја состојка. Штета ќе биде ако не пробате да го направите, барем еднаш", пишува Теа на својот профил.

Во прилог прочитајте го рецептот и уживајте!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ⋒ Tea Trpovska (@teatrpovska)

Состојки:

1/4 шолја млеко (или вода)
1/4 шолја кокосово масло (или друго масло по желба)
250 грама цвекло, сварено и изрендано
3/4 шолји млеко (може и растително, а може и како замена јогурт)
1/2 шолја мед
1/2 шолја агаве
3/4 шолји какао
1 + 1/4 шолји брашно
1 лажица сода бикарбона
1 лажица прашок за печиво
50 грама суво грозје (опционо)

Подготвка:

Во длабок сад ставете ги сите состојки според начинот кај кој е напишано погоре. Измешајте сѐ убаво со лажица и смесата претурете ја во тавче за печење, обложено со хартија за печење, малку намрсена со кокосово масло. Печете во рерна загреана на 200 Целзиусови степени, околу 40 до 45 минути, односно додека биде од внатре печена (проверете со дрвена чепкалка). Јас ја декорирав со кондензирано млеко и бадеми, а вие може како сакате.

Совет и забелешки:

- Температурата на печењето зависи од вашата рерна, па прилагодете според Тоа. Ако видите дека фаќа боја тортата пред време, покријте со холија на средина на готвењето и продолжете да печете додека да биде готова;
- Цвеклото може да се стави и живо, необработено термички;
- Ако немате поздрава замена за благо, ставете 1 шолја шеќер, ништо страшно нема да биде.

Објавено:
7 септември 2022
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
427 пати