Џин тоник сладолед на стапче - совршено освежување за летните забави

15 јуни 2023

Освежителен пијалок и сладолед се секогаш добродојдени во лето, а кога ќе ги споиме двете работи добиваме нешто навистина интересно.
Рецептот што го имаме за денес вклучува џин па ќе кажеме дека е за 18+.


Што ви е потребно:

  • 20 гр. шеќер во прав
  • 20 мл. вода
  • 200 мл. џин
  • 100 мл. сок од лимета
  • 500 мл. тоник
  • 10 тенки парчиња лимета или краставица
  • Калапи за сладолед на стапче

Начин на подготовка

Загрејте го шеќерот и водата на оган се додека не добиете течен сируп. (Доколку не сакате сладок вкус, можете слободно да го скокнете овој чекор.)

Во друг сад измешате го џинот сокот од лимета, тоникот и шеќерниот сируп.

Ставете ја течноста во калапите за сладолед и додадете крукчиња краставица или лимета (може и друго цитрусно овошје по избор).

Доколку сакате сладоледот да изгледа уште поубаво зачинете го со рузмарин или ливчиња од роза.

Ставете ги калапите во замрзнувач 1-2 часа, а потоа вметнете стапче во секој калап посебно. Вратете ги во замрзнувач да отстојат преку ноќ.

Пред да го извадите сладоледот со стапчето, прелијте го калапот со млака вода.

 Фото: Pinterest

Објавено:
15 јуни 2023
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
642 пати