Ако досега бевте во некој зимски сон и си дозволивте да јадете буквално што ќе посакате, сега е време да го вратите организмот во нормала и да почнете да консумирате здрави намирници.
Нутриционистите од кои најчесто ги добиваме советите и здравите рецепти за исхрана, секојдневно ги јадат овие пет работи без кои не можат да си го замислат денот.
Истите ги читате во продолжение, а доколку сакате пролетно чистење на организмот и малку повеќе здрава храна оваа пролет, тогаш истите задолжително набавете ги.
Аспарагус
Нутриционистите го обожаваат аспарагусот или шпраглите, бидејќи се одличен извор на протеини и витамин Б кои го подигнуваат нивото на енергија. Тие содржат голема количина на растителни влакна кои ги хранат добрите бактерии во цревата и го одржуваат целиот организам здрав. Ако ги измешате со порција ориз, тогаш имате супер вкусен и здрав оброк.
Јајца
Во голем дел од светот јајцата се сметаат за совршен појадок, а мислењето го делат и нутриционистите. Тие се богати со протеини и заедно со малку леб и свеж зеленчук се одлични за почеток на денот. Доколку се одлучите да ги консумирате за вечера, јадете ги со малку варен зеленчук како брокули и слично. Едно јајце има околу 77 калории, па тоа е сосема доволно во комбинација со споменатите намирници да ве држи сити.
Лук
Лукот на секое јадење му дава посебен вкус, а истовремено тој е една од најздравите намирници и нутриционистите го обожаваат, особено во зимските месеци за зајакнување на имунитетот. Истиот е одличен антиоксиданс, богат е со витамин Ц, витамин Б6 и манган, а исто така го намалува и холестеролот во крвта.
Лимон
Најпознатиот пијалак омилен на нутриционистите е топлата вода со лимон, особено во раните утрински часови. Витаминот Ц е силен антиоксиданс, а овој пијалак буквално го буди целиот организам и се бори против штетните токсини. Лимонот е одличен избор во борбата против килограмите, а и супер додаток во чај, кафе и слични топли напитоци, како и оние за детоксикација.
Зелен зеленчук со листови
Без разлика дали станува збор за рукола, зелена салата, кељ или брокула, сето тоа е исклучително важно и полно со витамини совршени за консумирање. Она што е важно кај зелениот зеленчук е тоа што содржи многу малку калории, а многу лековити својства. Можете да го консумирате свежо како салата или како додаток на јадењата, само обидете се да не е премногу термички обработено за да изгуби од своите својства.