Идеално за жешки денови: Пијалак кој веднаш ќе ве освежи!

21 јуни 2019

Во овие жешки летни денови, сите бараме начин како подобро и побрзо да се освежиме.

Денеска, нашиот предлог е пијалак кој можете брзо да го направите, а уште побрзо ќе се разладите.

Потребно ви е:

2 филџани боровници

2 исчистени и исечкани портокали

1 филџан јагоди

1 исчистен лимон и исечкан на крукчиња

1 голема краставица, исто така насечкана на крукчиња

неколку ливчиња босилок

3 литри вода

Подготовка:

Боровниците измијте ги, краставиците излупете ги, исто како и портокалите и лимоните и сè заедно ставете во три литри вода. Оставете ја течноста минимум два часа во ладилник и после тоа уживајте во овој напиток.

 

Зошто е добар?

Цитрусот ќе ги елиминира токсините од телото, боровницата служи како извор на антиоксиданси, босилекот помага да се стабилизира шеќерот во крвта, а краставицата на телото и лицето му ги подарува минералите кои освежуваат.

Витаминската вода, како што се нарекува овој пијалок, е идеален за да се поткрепите со течности и витамини во врелите денови. Но, доколку оваа комбинација на вкусови не ви се допаѓа, можете да направите комбинација по ваша желба. На пример, босилекот може да се замени со нане, лимонот со лимета, а боровниците со малини или капини.

Уживајте!

Објавено:
21 јуни 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
469 пати