Највкусните безалкохолни коктели за ова лето!

26 мај 2017

Многу наскоро можеме да ја очекуваме топлата сезона во која покрај сладоледите, она што секој од нас го обожава е освежителниот коктел што ќе ни ја згасне жедта во секое време.

Доколку не сте љубител на алкохолот, безалкохолните коктели знаат да бидат супер вкусни и здрави ако добро ги комбинирате намирниците.

Она што ви е потребно се неколку видови овошје, блендер, многу мраз и малку време за подготовка.

Како на едноставен и брз начин да подготвите вкусни и здрави летни коктели, читате во продолжение.

1.Коктел со лимон и боровинки

Потребно:

-Две шолји вода

-Две шолји боровинки

-Една шолја свежо исцеден сок од лимон

-Две шолји мраз

-Три шолји минерална вода

-Малку шеќер по вкус

Подготовка:

Најпрво, направете едноставен сируп од боровинки со тоа што ќе ги измешате нив со шеќерот и водата. Откако добро ќе ги исцедите за да не останат лушпи, сирупот ставете го во чаша и тој всушност ќе биде основата на коктелот. Сирупот измешајте го со сокот од лимон и минералната вода во блендер. Земете чаша, ставете мраз и ставете го вкусниот сок што го добивте од овошјето.

2.Коктел од јагоди

Потребно:

-Две шолји исечкани свежи јагоди

-Две шолји коцки мраз

-Три до четири шолји вода

-Малку сок од лимета

-Малку шеќер

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте сѐ додека течноста не стане ретка. Со оваа количина намирници ќе добиете околу четири чаши сок, а на крајот можете да ги украсите со преостанатото овошје.

3.Коктел од цитрон, босилек и ѓумбир

Потребно:

-Еден цитрон

-Две шолји мраз

-Три шолји минерална вода

-Малку свеж босилек и сируп од босилек

Подготовка:

Исцедете го цитронот, ставете го во блендер заедно со мразот, минералната вода и сокот од босилек, а одозгора украсете со кришки цитрон и свеж босилек.

Објавено:
26 мај 2017
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
3.256 пати
Извор: 
modamo.info