Ова е најскапото чоколадо на светот, но има свои купувачи

19 ноември 2019

Швајцарската компанија „Attimo Chocolate“ месецов лансираше ново чоколадо, за кое „Гинис“ одлучи дека е најскапото на светот.

Еден килограм од овој фантастичен десерт чини нешто повеќе од 7.000 евра, а еден ред од „La Chuorsa“ како што е називот на чоколадото чини речиси 600 евра. 

Алан Метлер е името на 32-годишниот готвач кој дојде до совршената формула.

Продуктот ќе биде ставен во продажба кон крајот на месецот, а Метлер вели дека постојат луѓе кои се подготвени да платат за иновативни, одржливи производи како овој.

За беспрекорниот вкус користи зачин шафран, кој расте во едно швајцарско село, кристализирани портокали и 68% од Чуао какаото од Венецуела, за кое има листа на чекање, дури и по 19 години.  

„Резултатот е експлозија од вкусови. Најдобрите состојки се искористени, а чоколадото се топи во уста“, вели младиот готвач.

Целата вест за тоа како успеал толку бргу да дојде до состојките и колку чини килограм шафран, читајте тука.

 Да имате, би дале ли толку пари за чоколадо?
 
фото извор: facebook.com/attimochocolate;
Објавено:
19 ноември 2019
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
2.273 пати
Тагови: 
чоколадо Гинис