Пет идеи за зимски пијалоци што ќе ве расположат и згреат

26 декември 2022

Во ладните зимски денови и ноќи особено добро би ни дошле топли пијалоци што можат да не згреат.

Во продолжение пет интересни идеи.

Домашно топло чоколадо

Кога сте расположени за нешто слатко, подгответе си домашно топло чоколадо. Можете да го зачините со малку чили или рум по желба.

Варено вино

Зимата и празниците не можат да пројдат без варено вино. Одберете квалитетно црно вино и искомбинирајте го со малку цимет, каранфилче и неколку резанки портокал.

Џин со брусница

Џинот одлично се комбинира со свежо исцеден сок од брусница и гранче мајчина душица. Супер пијалок кога сакате малку да се размрдате.

Топол јаболков пунч

Почастете се со чаша топол јаболков пунч, зачинет со цимет, каранфилче и морско оревче. На загреаниот пијалок додадете малку рум и ванила.

Бело кафе со рум и мед

Измешајте парчиња цимет, кардамон и мед во кафе со млеко и добивате совршено дозиран, кофеински пијалок за студен ден. Малку рум само ќе го зачини вкусот.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
26 декември 2022
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
1.277 пати