Пита со афион и вишни

5 февруари 2018

Понеделнички ви презентираме рецепт за пита со афион и вишни, кој сигурни сме ќе ве освои, а особено оние што сакаат комбинација на сладок и киселкаст вкус, па зачувајте го и изненадете ги домашните, ако не веќе попладневно, тогаш за следниот викенд.

Потребни состојки:

За тесто: 300 гр. меко брашно; 160 гр. путер; 120 гр. шеќер во прав; 1 ќесичка шеќер со вкус на лимон; 1/2 ќесичка прашок за пециво, 1 јајце, прстофат сол;

За фил со афион: 200 гр. мелен афион, 170 гр. шеќер, 1 ќесичка ванилин шеќер, 100 мл млеко (+50 мл. млеко), 1 лажица рум

За фил со вишни: 450 гр. вишни, 450 мл сок (од вишните што пушта, па додадете вода или било каков сок од вишни). 60 гр. густин, 65 гр. шеќер, 1 лажица рум.

Подготовка:

1.Подгответе го тестото. Брашното, шеќерот во прав, шеќерот со вкус на лимот, омекнатиот путер, прашокот за пециво и малку сол, ставете ги во еден сад, па со прстите измешајте ја смесата. После тоа, додадете го изматеното јајце и замесете воздушесто тесто. Тестото завиткајте го во транспарентна фолија и оставете го на страна или во ладилник.

2.Подгответе го првиот фил од афион. Во длабоко тенџере ставете 100 мл. млеко, шеќер, ванилиншеќер и загревајте додека не почне да врие, притоа постојано мешајте со лажица. Потоа додадете го мелениот афион, промешајте и по потреба додајте уште 50 мл. млеко, за да добиете средно густа смеса, како палента. Исто така, додајте лажица рум, добро промешајте и оставете да се излади додека го спремате вториот фил.

3.За вториот филм, вишните преполовете ги и ставете да се исцедат. Измерете колку сок пуштиле, па додадете вода или сок од вишни колку што е потребно за да стасате до 450 мл.течност. Густинот помешајте го со шеќерот, а потоа додадете 100 мл. течност (од 450-те милилитри) и уште еднаш промешајте за да не останат грутки. Останатите 350 мл.течност, ставете ги да се варат, а кога ќе зоврие течноста, додајте ја смесата од густин, шеќер и сок. Кога смесата ќе се згусне како желе/пудинг, тргнете од оган. Во жешката смеса, додајте ги вишните, лажица рум и промешајте.

4.Во калап со форма на круг (со дијаметар 26см), на дното ставете хартија за печење, а обрачот премачкајте го со путер.Тестото развлечето во круг поголем од калапот макар 7 см, па пренесете го во калапот. Порамнете го тестото со раце, од страните убаво притиснете го и порамнете, па додадете ги филовите (кои не мора да бидат сосема ладни).

5.Нанесете го првин филот од афион, порамнете, а потоа оној со вишни. Филот со вишни ставајте го со лажица на купчиња кои нежно ќе ги споите, за да добиете убави и одделни слоеви на афион и вишни, без да ви се спојат. Вишокот од тестото отсечете го, па од него направете украси по желба.

6.Загрејте ја рерната на 180°C и печете додека рабовите на тестата не добијат златна боја (за околу 30 минути).

 На здравје!

Објавено:
5 февруари 2018
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
839 пати
Извор: 
coolinarika.com