Новогодишните и Божиќните празници се период кога семејството се собира, пријателите се посетуваат и сите заедно уживаат во убава и вкусна храна.
Дополнителна атмосфера создаваат и декорациите, но и аромите од типот на цимет, костен и греано вино.
Телевизиите ни презентираат празнични филмови и сето ова придонесува за убав, релаксирачки амбинет во којшто сакаме да уживаме со најблиските.
Кога станува збор за храната подеднакво ги сакаме и солените и благите работи, а особено ако се подготвуваат за час.
Еден таков рецепт е и денешниот во форма на мини солени елки.
Вкусни и декоративни овие мали залчиња се одличен прилог за сервирање кога ќе ви дојдат пријателите.
Со оглед на тоа дека станува збор за парчиња сирење (вие одбирате какво), совршено ќе се дополнат со чаша црвено вино и маслинки.
За да ги направите потребно ви е:
• Триаголници од сирење
• Иситнет сув или свеж зачин (босилек, оригано)
• Црвен пипер
• Солени стапчиња (скршени на пола)
Набодете го парчето сирење на соленката и извалкајте го во смесата од зачини.
Уживајте!
View this post on Instagram