Сте пробале ли розово топло чоколадо?

14 јануари 2023

Овој викенд искористете го за да направите нешто вкусно за себе и за вашето семејство.

Одвојте време за малку експерименти во кујна и направете си едно поинакво топло чоколадо – розово!

Покрај тоа што е фантастично на вкус, исто толку е привлечно и за око особено ако малку се потрудите околу декорацијата.

Потребни состојки:

-1 чаша млеко
-2 лажици бело чоколадо
-половина пакетче ванилин шеќер
-2 лажици замрзнати малини или јагоди
-неколку капки екстракт со вкус на малина или јагода

Подготовка:

-полека загревајте го млекото
-постепено додавајте го белото чоколадо и промешајте
-потоа додадете ванилин шеќер и шеќер во прав, па замрзнатите јагоди или малини

Оставете го врелото чоколадо малки да се олади, а потоа искористете ја фантазијата за завршна декоративна нота.

На здравје!

 

Објавено:
14 јануари 2023
Категорија: 
Вкусно
Прочитано:
391 пати