Викенд десерт: Тирамису торта од палачинки

26 август 2023

 Време е за еден вкусен викенд десерт со палачинки. Наидовме на интересна тирамису торта од палачинки па доколку имате слободно време ви предложуваме да ја направите.

Состојки за смесата:

250 гр. брашно
50 гр шеќер
85 гр. растопено масло 
Малку сол
480 мл. млеко
120 мл. минерална вода
4 јајца
2 лажички ектракт од ванила

Состојки за кремот:

2 лажички инстант кафе или црно кафе
2 лажички топла вода
1 лажичка рум
360 мл. слатка павлака
120 гр. шеќер
1 лажичка екстракт од ванила
1 чаша маскарпоне
20 гр. какао прав 

Состојки за шлагот:

120 мл. слатка павлака
1 лажичка рум
2 лажички шеќер
1 лажичка какао во прав

Постапка:

Испечете ги палачинките и оставете ги да се изладат. Направете ја кремата тирамису на следниов начин; измешајте го кафето во топла вода потоа додајте го маскарпонето, шеќерот и ванилата. Во друг сад измешајте ја слатката павлака и румот, а потоа се соединете.

По две лажици од кремот нанесете на секоја палачинка, и така наредете ги сите палачинки до крај. Премачкајте ја потоа тортата со смесата за шлаг и оставете ја да се лади неколку часа. Одозгора, по желба можете да ставите шеќер во прав или цимет.

Фото:Instagram

Објавено:
26 август 2023
Категорија: 
Вкусно