Викенд рецепт - "брауни" во чаша за пет минути!

28 октомври 2023

Верувам дека никој не може да му оддолее на чоколадниот вкус, без разлика во која форма се наоѓа, а викендот е време кога сакаме малку да се опуштиме, но и да пробаме нешто вкусно.

Овој пат за вас издвоивме ултра лесен и брз рецепт – брауни во чаша.

Рецептот е сличен како за обични брауни колачиња, само што овој пат се сервирани на малку поинаков начин.

Потребно ви е:

3 лажици шеќер
3 лажици брашно
1,5 лажица какао
Малку сол
2 лажици чоколаден чипс
1,5 лажица масло или стопен путер
3 лажици млеко
Малку екстракт од ванила

Прво се мешаат сувите состојки шеќер, какао, брашно и малку сол во чашата што ќе ја одберете.

Потоа додајте го чоколадниот чипс (ситни парчиња чоколада).

Измешајте ги сувите состојки - млеко, масло и ванила.

Ставете ја чашата во микробранова печка 90 секунди.

Кога ќе биде готово можете да го украсите вашето брауни со што сакате - шлаг, шеќер во прав, овошје, јаткасти плодови...

Уживајте!

Фото: Pinterest

Објавено:
28 октомври 2023
Категорија: 
Вкусно