Иако деновиве времето постојано е дождливо, а се чини такво ќе остане и до крајот на неделата, тоа не е причина денеска попладне да го направиме највкусниот сладолед.
Ако си помисливте дека сега треба да одите да набавите намирници, верувајте дека истиот се прави многу брзо и лесно со производи за кои сме сигурни дека веќе ги имате дома.
Одличен е и за вашите најмили бидејќи е направен во домашни услови, но во него ќе се заљубат и сите членови на семејството.
Секако, откако ќе го направите треба да бидете трпеливи за истиот добро да се смрзне во ладилник, па најдобро е да го направите навечер и следниот ден да биде совршениот десерт.
Потребно:
Три замрзнати банани
100 мл. млеко
Две лажици какао
Мед или цимет по избор
Глазура:
80 гр.темно чоколадо
Две лажици кокосово масло
Малку сецкани бадеми, ореви или лешници зависно што имате дома
Подготовка:
Прво нешто што треба да направите е да ги замрзнете бананите неколку часа пред да почнете со подготовка на сладоледот. По неколку часа, извадете ги од ладилникот, прелијте ги со млеко и оставете ги да постојат во сад за да омекнат. Во меѓувреме подгответе го блендерот во кој ќе ги ставите бананите и додајте какао, како и намирниците по желба - мед или цимет и добро мешајте додека смесата не се соедини. Ставете ја смесата во калапи за сладолед и замрзнете преку ноќ. Чоколадото стопете го на пареа, додајте го маслото од кокос, па кога ќе го извадите сладоледот од ладилник потопете го во истото, а одозгора истурете од јаткастите плодови. Вака подготвен, вратете го во ладилник уште некое време.
Инфо и фото: Fashion.hr