Кое е модното парче кое Ана Винтур никогаш не би го облекла?

29 август 2022

Една од најголемите модни афторитети и најмоќните жени во модната сфера, Ана Винтур, покрај тоа што е извршен уредник на американскиот Vogue, таа е позната по тоа што со години ги поставува темелите за новите трендови.

Не би било далеку од вистината доколку се каже дека нејзиниот збор е „закон и ред" во светот на модата го дава својот благослов на новите дизајнерски имиња и нејзиниот збор е закон и ред во светот на модата. Новите дизајнерски имиња честопати се подлежни на строги, но конструктивни критики, што објаснува зошто многумина ја доживуваат како страв и трепет.

Фото: elle.rs

Сепак, оваа недостижна модна фигура од неодамна почна сè повеќе да се доближува до обичниот народ преку видео содржината која се објавува на официјалниот YouTube канал на Vogue, каде нуди одговори на различни модни прашања од јавноста.

Па така, нејзиниот став во однос на еден конкретен тренд брзо се распространи, но сепак не успеа да го запре. Станува збор за логоманијата. Овој тренд кој во последниве неколку години започна кога голем број модни куќи лансираа разни парчиња облека и додатоци со истакнато лого или монограм на нивниот бренд.

Фото: Pinterest

 Се чини дека оваа практика воопшто не ѝ се допаѓа на Винтур, иако пред неколку години таа ја пофали модната куќа Celine за дискретните и антибренд колекции, која во последно време исто така подлегна на овој тренд.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest  

Но, брендот кој апсолутно никогаш нема да го видиме на Ана Винтур е Gucci, легендарната италијанска модна куќа основана од Гучио Гучи во 1921 година, чиј симетричниот кафеав монограм го дизајнирал неговиот син Алдо во 1933 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @gucci

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @gucci

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @gucci

Ана Винтур претпочита облека што нема големи етикети од брендовите што ги носи, а веројатно тоа е и најдобар избор, затоа што сите сме свесни дека големите логоа порано или подоцна ќе излезат од мода, додека пак дискретниот минимализам засекогаш ќе остане бесмртна класика.

Фото: voanews.com

Објавено:
29 август 2022
Категорија: 
Стил
Прочитано:
845 пати