Брендови од Хрватска креираа чанта од остатоци од пиво

21 мај 2024

Дизајнерката Мијрам Крајина која стои зад Raw Bag соработуваше со хрватскиот бренд Sabant и заедно создадоа иновативен производ.

Таа ја спои својата еклектична естетика со иновативните дизајни на Sabant, како Beer skinTM кожата од остатоци од пиво, создавајќи ограничена колекција на чанти.

Ги има во две големини, досега е претставена само белата верзија, а дизајнерката најавува и црна варијанта.

Тамара Вучетиќ и Андреј Мариќ кои стојат зад Sabant, се занимаваат со производство и продажба на кожа од растително потекло направена од отпадоци од алкохолната индустрија.

Beer skinTM е нивниот прв пласиран материјал создаден од јачменов отпад.

А за финалниот производ да изгледа вака елегантно, завршниот "збор" го има мајсторијата на италијанска кожна работилница.

Фото: Instagram

Објавено:
21 мај 2024
Категорија: 
Модни додатоци