Фармерките парче кое секој од нас го има во гардероберот. Ги комбинираме за разни пригоди и се вклопуваат лесно во сечиј стил.
Патиките се обувките кои проверено се слагаат со фармерки и со кои никогаш нема да згрешите.
Но, во продолжение ве потсетуваме и на тоа кој друг тип на обувки изгледаат добро во комбинација со џинс и секако низ фотографии:
Фармерки + чизми на потпетица
View this post on Instagram
Исто така проверена варијанта, идеална за ова време од годината. Ја издолжува ногата и изгледа супер. Во комбинација со ролка, џемпер и некој ефектен детаљ ќе имате супер зимска комбинација.
Фармерки + чизми до глужд
View this post on Instagram
Уште една варијанта на претходниот пример со која нема да згрешите.
Фармерки + чизми со дебел ѓон
View this post on Instagram
Во моментов се мошне популарни, но факт е дека една од најдобрите комбинации што можете да ги направите со овие чизми се токму со фармерки.
Фармерки + каубојски чизми
View this post on Instagram
Можеби не се во врвот на популарноста оваа сезона, но се' уште се и тоа како присутни како тренд, а ако сте љубител на овој модел чизми, не двоумете се да ги искомбинирате со фармерки.
Фармерки + мокасини
View this post on Instagram
Можеби во моментов не е време за мокасини, но со фармерки со ѕвонест крој, тесни ногавици, mom jeans... мокасините се одличен избор.
Фармерки + балетанки
View this post on Instagram
И секако, џинс и балетански се класика. Со тесни ногавици е проверена варијанта, но уште подобро изгледаат и на фармерки со пошироки ногавици.
