Со оглед на фактот дека Зара е еден од најдобрите улични брендови кој секогаш со суперсонична брзина ги интерпретира актуелните трендови од модните писти, со право е и еден од омилените шопинг дестинации на голем број модни зависници.
И ние решивме малку да ѕирнеме внатре во нивното богато модно кралство и издвоивме неколку модели чевли кои сигурност ќе внесат свежина во вашите модни појавувања.
Мошне впечатливи се шпицестите рамни чевли во црвена боја. Одличен моден додаток кој дефинитивно ќе се вклопи во вашето деловно секојдневие, но совршено ќе соодветствуваат и со ваите лежерни стајлинзи.
Обувките во интензивна металик нијанса се идеално решение доколку сакате да бидете диско кралици. Црните лаковани рамни чевли во стилот на машките оксфордки се исто така мошне популарни особено периодов и одлично ќе го „зачинат“ вашето урбано секојдневие. Погледнете ја галеријата и одберете го моделот кој најдобро го прикажува вашиот стил.