Шапки за декорација во домот? Зошто да не? Доколку сте страстен љубител на шапки, тогаш сигурно ова лето ја дополнивте постоечката колекција со неколку нови модели. Набрзо доаѓа период кога истите траба да се спакуваат, а гардероберот и не е баш вистинското место каде може да ги сместите, бидејќи многу лесно може да се прекршат и до следното лето да ја изгубат формата.
Шапките се уметничко дело сами по себе и од ден на ден освојуваат сè повеќе вљубеници во модата. И самата Коко Шанел потенцираше дека на совршената комбинација и е потребен малиот црн фустан, мини чанта со синџир и нормално- шапка. Како што ја красат Вашата појава, шапките може да го красат и домот.
Дајте им заслужено место на ѕидовите, ослободете простор од гардероберот, спасете ја формата на овие драги аксесоари и разубавете го секојдневието со необична декорација.
Сложувајте ги по боја, големина, материјал, формирајте облици, понатаму останува сами да одберете. Разгледајте ја галеријата од продолжение и инспирирајте се кое место во домот треба да го добијат шапките освен на Вашата глава.