Дали би сакале да поседувате чанта во форма на јакна?

9 јануари 2014

canta-m

Судејќи според најавата за пред есенската колекција можеме да очекуваме возбудлива сезона за чија инспирација се користени ликовите на Барт Симпсон и Сунѓерот Боб.  Џереми Скот реши да сподели неколку фотографии на Инстаграм, па од таму ги откривме и овие чанти во форма на јакни кои сигурно ќе направат вистинска револуција во модниот свет, како што веќе тоа го направи со препознатливите принтови и соработката со Адидас.

canta-jakna

Откако при крајот на октомври застана на чело на италијанската модна куќа и ја превзеде функцијата на Росела Џардини, Скот постојано изненадува со интересни парчиња. Ние сме во исчекување на колекцијата есен – зима 2014 која треба да биде претставена на модната недела во Милано каде што ќе се одбележи и триесетиот роденден на модната куќа Москино.

canti-f

scott-moschino

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Модни додатоци