На неодамна одржаната Недела на висока мода во Париз се воодушевувавме на неприкосновеното мајсторство на големите кутуриери, на нивната уникатна уметност, на кремот од светот на модата.
И секогаш кога помислуваме дека е достигнат врвот и дека не постои „понатаму“, тие упорно не’ разубедуваат со својата иновативност.
Во целиот тој раскош и софистициран дизајн, финесите се исклучително значајни во дефинирањето на делото. Оваа година забележавме дека дизајнерите особено се фокусирале на деталите за коса, кога станува збор за модните додатоци.
Валентино
Валентино посветил внимание на деталите во коса во колекцијата инспирирана од вечниот Рим. Па со оглед на тоа дека дизајнерот временски се навратил и до античкиот период, највпечатливи беа стилизираните венчиња со минијатурни орнаменти, во комплет со фасцинантниот накит.
Зухаир Мурад
Зухаир Мурад пак создаде свое соѕвездие на Неделата на висока мода, па во косите на своите манекенки исплета детали со ѕвездени форми.
Во бајката на Версаче, „самовилите“ носеа цветни венчиња, а кај Скјапарели пак забележителни беа ексцентричните мини круни – шноли во златна боја украсени со скапоцени камења.
Версаче
Во продолжение деталите за коса од модните ревии на Неделата на висока мода во Париз.