Џими Чу ги создаде најубавите чевли за невести!

22 јануари 2016

Еден од омилените дизајнери на сите жени во светот кој ги создава најубавите чевли за секоја пригода, конечно има нова колекција за сите идни невести.

Дел од истата се фантастични рамни чевли со најубавите украси во предниот дел, па се до стилски потпетици и сандали со слатки бели реси на ремчињата.

Речиси секое парче од колекцијата на дизајнерот е украсено со Сваровски кристали, тантела и мониста што даваат една навистина поинаква и магична димензија на невестинските чевли.

Она што дизајнерот обожува да го прави не е заборавено и овој пат, а тоа е да ја потсети секоја невеста кога се случил најубавиот ден од нејзиниот живот преку слатките златни плочки поставени на долниот дел од чевлите.

Доколку се ближи вашиот најубав ден, тогаш оваа колекција е фантастична инспирација за сите невести!

Објавено:
22 јануари 2016
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
3.958 пати