За некои мокасините се симбол кој потсетува на стилот на младите Британци во 50-тите години, попознат уште како „preppy“ стил што во превод го отсликува униформираниот изглед на студентите во приватните школи или универзитети. Денес нивниот имиџот на мокасините е надграден, благодарение на различните визии, предлози и идеи на дизајнерите кои со вметнувањето на нови верзии на кроеви и живи бои, создадоа еден своевиден стил, но во многу пософистицирана варијанта.
Мокасините се толку сакани и обожавани заради својата мулти функционалност. Прво се екстремно удобни и комфорни. Може да ги комбинирате со спортски но и со елегантни парчиња. Тие последниот се моден крик кој влегува во групата моден детаљ кој припаѓа на вечната класика. И за крај тие се универзални, ги носат и мажите и жените.
Еве неколку дизајнерски модели на најпопуларните верзии: