Оваа пролет се случува вистинско враќање на патиките, па така можеме да ги видиме во секојдневните комбинации на сите оние кои сакаат да уживаат во лежерни и удобни денови.

Бројните познати брендови оваа сезона нудат огромен број на модели за сечиј вкус, а едни од најпопуларните се оние на Пума и Адидас.

Сосема нов модел кој за кратко време стана омилен меѓу младата популација е оној што Фарел го креираше за Адидас со наслов Hu.

Во моментов, овој модел можете да го набавите во две комбинации на бои, бело – зелена како онаа на Stan Smith моделите, но и бело – жолта со златни детали во задниот дел.

Официјално, овие модели ќе бидат пуштени во продажба на 6 – ти мај, а повеќе од сигурно е дека истите веќе имаат огромен број обожаватели.

Направени се од висококвалитетен материјал кој дозволува ногата слободно да дише, а одоздола има мека гума со која ќе уживате во текот на целиот ден.

Колекционерите на патики на социјалните мрежи веќе го споделуваат своето воодушевување од овие модели на музичарот, а со оглед на тоа што ќе го носат неговото име, успехот е и повеќе од гарантиран.

Објавено:
4 мај 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
293 пати