Гвен Стефани ќе ви каже колку е часот
•
8 април 2015
Иконата на стилот и една од најоригиналните пејачки Гвен Стефани, дизајнираше линија на рачни часовници кои целосно го пресликуваат нејзиниот имиџ: шарени, откачени, со хипнотизирачки принтови и во поп арт фазон.
Часовниците функционираат на принцип на соларна енергија и истите чинат 50 долари. Линијата е дел од нејзиниот бренд Harajuku Lovers во соработка со Q&Q SmileSolar, а веќе се пуштени во продажба на страницата Nordstorm.
Инаку Гвен важи за една од најобожуваните пејачки меѓу дизајнерите, токму поради фактот што нејзиниот бренд Л.А.М.Б секогаш носи свежа енергија во модната индустрија, благодарение на колоритните изгледи и храбрите експерименти во дизајнот.