Хит влечките што девојките ќе ги обожаваат летово

9 март 2017

Претходните неколку години девојките во летните сезони не излегуваа без познатите „Биркенсток“ сандали кои за кратко време станаа омилено модно парче.

Оваа сезона на сцената се појави сличен модел влечки кој за кратко време стана хит на Инстаграм со што покажа дека тие се чевлите што дефинитивно ќе ги носиме ова лето.

Овој пат, моделот на популарните влечки доаѓа од работилницата на брендот Роџер Вивиер чиј креативен директор Бруно Фрисони смисли неколку супер дизајни.

Дека овие влечки ќе бидат омилени меѓу девојките во топлата сезона веќе покажува големиот број на фотографии кои на Инстаграм ги споделуваат познатите блогерки.

Моделите се слични на „Биркенсток“, а девојките ги обожаваат бидејќи се изработени од супер квалитетен материјал, а украсени се со светкави детали.

Украсите се изработени од Сваровски кристали, а истите можете да ги најдете во неколку бои и материјали.

За истите да бидат дел од вашата колекција чевли, од пролетниот буџет ќе треба да одвоите околу 900 евра.

Објавено:
9 март 2017
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
466 пати