Доколку немате идеја со какви обувки да го комплетирате изгледот, мокасинте на Гучи ќе бидат беспрекорниот избор, без разлика на тоа што носите и кој е вашиот стил. Токму таа нивна едноставност и верситалност е причина што овие чевли веќе речиси 70 години уживаат статус на унисекс класика, соодветна за секојдневни и формални пригоди.
Омилени како моден додаток во машката и женската гардероба, мокасините се всушност „родени" за лежерен, удобни и неформални комбинации бидејќи се без врвки и првично биле направени во велур. Во Европа се рашириле по 1926 година, кога кралот Џорџ VI нарачал удобни чевли (точно без врвки) да се носат во неговата селска резиденција.
Подоцна стануваат достапни во мека кожа, и се особено ценети од студентите од 30-тите, а со текот на времето, тие стануваат и еден од симболите на префинетиот стил.
Но, мокасините добиваат сосема нова модна димензија откако во 1953 година, Алдо Гучи, синот на модниот дизајнер Гучио Гучи, им го додаде златниот детаљ, кое речиси „преку ноќ", ги направи вистински хит.
Фото: Vogue
Од тој момент, благодарение на оваа револуционерна промена на веќе познатиот и класичен модел на обувката, мокасините стануваат култно модно парче во кој се вљубија познатите и кралските личности, а денес се достапни и во голем број бои и материјали.
Оттогаш наваму, мокасините на Гучи се вбројуваат во низата омилени обувки на познатите личности, вклучувајќи ја кралицата Елизабета Втора, Роми Шнајдер, Ален Делон, Софија Лорен, канадскиот премиер Брајан Малрони, Мадона, Џејн Биркин, Францис Форд Копола, Џоди Фостер, Сиена Милер, Дакота Џонсон, Марк Ронсон, Рајан Гослинг, и ред други.
Погледнете неколку фотографии од познатите кои со своите Гучи моксаини влегуваат во историјата како љубители на овој бесмртен модел.
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue
Фото: Vogue