Односно модните дизајнери Умберто Леон и Керол Лим пред точно 20 години се сретнале во Лос Анџелес и токму затоа не не чуди што колекцијата е со наслов „Калифорнија“ , инспирирана од младоста помината на западниот брег, исполнета со плажа, сонце, возење велосипеди и скироли.
Во колекцијата доминираат материјали кои беа дел од женската линија на Кензо за есенско – зимската сезона, а некои материјали се сосема нови и наменети конкретно за чантите, како што е италијанската гумирана кожа. Водоотпорни однадвор, а од внатре полни со разни прегради и џебови за дамите да може со себе да ги понесат сите неопходни работи.
Целата колекција остава впечаток на игра со текстури и форми, а со својот сензибилитет и интересен дизајн, новите чанти на Кензо сигурно ќе ги освојат симпатиите на сите оние припаднички на понежниот пол, кои сакаат на себе секогаш да имаат уникатен моден додаток.