Кејт Мос дизајнираше линија бохо накит
•
15 мај 2017
Топ моделот Кејт Мос до сега неколкупати имала успешни соработки со познати брендови во модната индустрија како дизајнер, а викендов за прв пат претстави своја линија накит во бохо фазон.
Накитот го дизајнираше во соработка со бразилскиот дизајнер Ара Вартаниан со кого заедно позираше и во промотивната кампања која ексклузивно ја објави магазинот Вог.
Оваа двојка се запознала пред неколку години во Сао Паоло, кога Кејт инстантно се вљубила во неговиот стил на дизајнирање, додека Ара го обожувал начинот на кој Кејт го носи накитот, па од тука почнала нивната релација која резултираше со заедничка колекција бохо накит.