Келвин Клајн порачува: Животот е сега!
•
14 јануари 2016
Новата кампања за рачни часовници и накит, луксузниот бренд Келвин Клајн ја посвети на различните релации на љубовта.
За таа цел ги ангажираше двете познати актерки, инаку мајка и ќерка, Лиза Бонет и Зои Кравиц кои полни со позитивни емоции, во Њујорк ги фотографираше Кас Брд.
Покрај нив, во кампањата се појавуваат уште шест познати имиња од модниот бизнис: актерот Вил Пелтз и неговата девојка, моделот Кенија Кинси, модната двојка Џон Хајн и Тилда Линдстам, како и актерот и модел Ким Ву Бин и неговата пријателка и модел, Вен Ју.
Кампањата која е исклучително базирана на црно-бели фотографии е конципирана под темата „Life is now" (Животот е сега).